Стилот дефинитивно е нешто со кое се раѓаш и го поседуваш од најрана детска возраст.
Инспирација од овој концепт добиваме по официјалното прогласување на првата детска линија Накит Dior.
Невидените производи се своевидна преродба на омилените мотиви на Диор – мини момина солза, рози и нежни ѕвезди.
Тие ја карактеризираат целата колекција и се издвојуваат како водечки форми во накитот за најмалите.
Накитот во култниот луксузен дух на модната куќа е изработен целосно од чисто злато или сребро.
Меѓу предлозите на Dior се откриваат ѓердани и нараквици кои дефинитивно импресионираат со својата нежност и изработка.
Дебитантската колекција се јавува како лесен начин да создадеме синхронизиран тип “мама и јас”, а вие можете да ја разгледате подетално во нашата галерија.