Тест: Дрвото на желбите

од Vladimir Zorba
664 прегледи

Животот ни се гради на настани. Убави, лоши. На соништа и желби, кои сакаме да се остварат. Замислете си една желба, се разбира реална. Видете ја сликата со дрвото и одберете една од јаболката. Потоа проверете што се крие зад бројот кој сте го одбрале. Дали вашата желба ќе се оствари или не, проверете сами.
1. Вие дефинитивно сте личност која има самодоверба. Желбата сигурно ќе се оствари, бидејќи давате сè од себе за да може овој сон да стане реалност.

2. Вие сте енергична личност, која е сигурна во себе. Убедени сте дека на човек му се случува не она што му е судено, туку дека ние самите сме креатори на живот. Затоа секогаш се трудите за да ги постигнувате целите и желбите. Тешкотиите не ве одбиваат, затоа не се сомневајте дека вашата желба ќе се оствари.

3. Во голема мера животот ви се утврдува во зависност од животната средина. За жал често се оставате по течението и не се обидувате да ја промените судбината, иако сте во можност тоа да го направите. Обидете се повеќе да се ориентирате кон целта, да верувате во себе и во своите можности и со сето тоа заедно, може да ја остварите желбата.

4. Вие сте личност која не се потпира само на судбината , но дава и многу од себе. Кога сте наумиле нешто, потрудете се за да ги постигнете своите цели. Не се откажувајте и сега, бидејќи вие сте во вистинската насока.

5. Вашата природна импулсивност често ви пречи во постигнување на посакуваното. Не брзајте со активностите и зборовите. Дишете длабоко, забавете го темпото и разгледајте сè добро. Вашата желба ќе се оствари, ако се обидувате да го балансирате внатрешниот мир.

6. Вие сте од среќните во животот, но не се насладувате во најголем дел од тоа, бидејќи понекогаш сте мрзливи. За да ја остварите желбата, започнете да дејствувате повеќе во насока на нејзиното спроведување. Не чекајте само на судбината!

7. Вашата желба ќе се оствари, но за тоа е потребно време. Бидете трпеливи.

8. Се чини дека постојано сте фокусирани на својата желба. Заборавете за одреден временски период за него. Ослободете ги мислите, правете нешто убаво за себе и сами ќе видите дека чудото ќе стане.

9. Вашата желба наскоро ќе се оствари. Голема е веројатноста потоа да се запрашате “Тоа ли ми е потребно?”.

10. Бидете скромни во своите желби. Можеби сакате премногу? Сакајте од универзумот остварливи желби и тие ќе се случат.

11. Вашата желба сè уште не е спроведена само поради една причина – не сте вложиле доволно напори за нејзино спроведување.

12. Вашата желба е речиси исполнета.