Бред Пит се врати во семејниот дом

од Vladimir Zorba
86 прегледи

Бред Пит се врати да живее во семејниот дом во Лос Фелиз, кој до неодамна го делеше со отуѓената сопруга Анџелина Џоли и нивните шест деца.

Во моментов Анџелина живее со наследниците во Хиден Хилс, Калифорнија и Бред одлучил да се врати во домот, од кој Џоли го беше избркала во септември минатата година, откако поднесе барање за развод.

Според најновите гласини 53-годишниот актер решил да ја реновира целосно зградата, за таа да биде што е можно попривлечна за неговите деца.

Во моментов Пит води битка во судот со Џоли за заедничко старателство на Медокс (15), Пакс (13), Захара (12), Шајло (10) и осум-годишните близнаци Нокс и Вивиен.

Бред сакал да се инсталираат во дворот на куќата два гигантски тобогани, да изгради игралиште, како и скејтпарк со рампа за своите синови.

Извор близок до ѕвездата, вели пред списанието Grazia: “Бред сака да му докаже на судот дека на прво место во животот му е благосостојбата на неговите деца. Тој ќе направи сè што е можно за да се обиде да се избори за тоа заедничко старателство. ”

Тоа е зградата во Лос Фелиз; Фото: splashnews.com