Ако има моден акцент, кој може да нè направи извонредни, тогаш тоа е металик сјајот. Трендот од 2016 година ќе продолжи да е доминантен со целата своја палета од метален сјај.
Панталоните во сребрена боја со висока половина и стеснување кон глуждот, ќе бидат дел од нашиот секојдневен или вечерен изглед. Можат да се комбинираат со маици, дресови, дури и со класични елеци украсени со камења и бисери.
Раскошни плисирани здолништа во различна должина исто така ќе најдете во модните бутици во златни или сребрени нијанси. Тие се погодни за вашата канцелариска комбинација, урбаната мода, а зошто не и за забава.

Металик јакните и мантили се не помалку стилски. Освен во сребрена и златна, може да ги најдете во розова, зелена, сина, црвена, сите со металик сјај. Диско визијата никогаш не би била иста без таква јакна.

Кога ги барате металик темите не се ограничувајте во еднобојни модели. Има толку многу комбинации на бои со деликатен одблесок кои ќе ви ја направат визијата навистина импресивна. Осмелете се да бидете различни!

Што се однесува до чевлите, нема како да не додадеме кон изгледот и спортски или елегантни модели со мал акцент или целосно подредени на златни, сребрени и бронзени нијанси. И бидејќи тие никогаш не би биле отповеќе може да ги комбинирате со плисе здолниште, златен клач и стилска блуза.

Уште сјајни идеи може да видите во галеријата.