Бијонсе и Џеј Зи се стремат да внесат нов почеток во бракот и да си купат ново љубовно гнездо. Двојката разгледала во саботата чудесен имот во Лос Анџелес, што во моментов се продава на пазарот за $ 200 милиони, пишува RadarOnline.
Според извор на весникот, на Бијонсе многу ѝ се допаднало живеалиштето, износот не ја уплашил и дури е подготвена да наддава за него. Таа и нејзиниот сопруг многу сакаат да си имаат уште едно дете, освен ќерката Блу Ајви.
Се зборува дека дури и почитуваат специјална диета, која ќе им ги подобри индикаторите, а со тоа и нивните шанси за бебе, а исто така посетуваат специјални терапевтски курсеви со шпански експерт по кинезиологија.
Ако ѕвездите одлучат да го купат овој дом, ќе се шират во бела куќа со сопствен тенискорт и огромен параден влез со фонтана во центарот. Внатре салонот е со мермерни скали, избрани во класично црно и бело.
Во овие тонови се и други од собите. Огромни француски прозорци даваат прекрасен поглед кон огромен внатрешен двор со многу зеленило.
Куќата има и базен, опкружен со перници, повторно во црно-бели бои.
Видете ја зградата во галеријата.