Русија предложи создавање на курдска автономија во Сирија

од Vladimir Zorba
67 прегледи

Предлогот се содржи во нацрт верзија, која ја предлагаат руски експерти.


Рускиот проект за новиот устав на Сирија им беше предаден на претставниците на вооружената опозиција во текот на преговорите во Астана, кои завршија порано. Во документот се предлага Сирија да биде зачувана како единствена држава, но во нејзиниот состав да биде создадена курдска автономија, соопштува Интерфакс, повикувајќи се на свои извори од сириската опозиција.
Во проектот, исто така се обезбедува правото на “други региони на Сирија” да го избираат свој јазик во својство на главен регионален.

Претходно рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, коментирајќи ги резултатите од преговорите во Астана, изјави дека рускиот проект за устав ги предвидува интересите на владата на Сирија, вооружената опозиција и другите земји од регионот.