
Во Алепо пристигна првиот патнички воз за последните четири и пол години откако започна војната во Сирија, пренесува РИА “Новости”. Возот ја мина повторно маршутатаа од станица “Џирбин” до станица “Багдад”.
Патот беше поправен по ослободувањето на градот од терористите.
Гувернерот на провинцијата Алепо Хусеин Дија посочи дека градот постепено се враќа кон нормалниот живот, иако застрашувачки се размерите од разурнувањата, а последиците од активностите на терористите и операциите против нив се големои.
Тој вети дека властите ќе вложат максимални напори за задоволување на потребите на населението.
Алепо беше целосно ослободен од вооружените опозициски групи во декември минатата година и сега се наоѓа под контрола на сириските владини сили.