Конечното гласање на законот за активирање на процесот на излегување на Британија од ЕУ ќе се одржи во Домот на пратениците на 8 февруари, објави претседателот на Комората Дејвид Лидингтон.

Владата поднесе предлог-законот во парламентот денеска во рано претпладне. Долниот дом ќе одржи дводневни разговори на 31 јануари и 1 февруари, кога ќе е гласањето на законот на второ читање. Потоа законот ќе биде дискутиран во парламентарните комисии од 6 до 8 февруари. На 8 февруари ќе има уште еден круг дебати во Комората и ќе се пристапи кон гласање на трето читање. Следниот чекор е разгледувањето на законот од Домот на лордовите. Од активноста на пратениците и подготвеноста на министрите за дијалог зависи дали владата ќе успее се запази распоред и да се иницира почетокот на Брекзит до крајот на март. Лабуристите подготват 6 амандмани на законот, а Шкотската национална партија – 50. Пратениците ќе започнат да ги внесуваат амандманите веднаш по објавувањето на законот. / РИА “Новости”