ФЗОМ го одобри барањето за лекување на малиот Лука во Турција

од Vladimir Zorba
93 прегледи

Фондот за здравствено осигурување соопшти дека постапил максимално брзо по поднесеното барање за лекување во странство со конзилијарно мислење за малиот Лука Јовановски и го одобрило лекувањето во целост во Турција.

„Фондот искрено се надева дека лекувањето на малиот Л.Ј. ќе биде успешно. Очекуваме човечките судбини да не се злоупотребуваат во политички цели. Наша прва и основна цел е грижата за осигурениците“ стои во соопштението.

Лука боледува од редок вид на рак на окото – Retinoblastoma, а за неговото лекување се потребни 20.000 евра.