Од зоолошката градина во американскиот град Норфолк, Вирџинија, избега црвена (мала) панда.
Во понеделникот, 23 јануари, вработените на зоолошката градина забележале дека самката Сан не е во кафезот. Оттогаш ја барале.
Оние кои живеат во близина беа замолени да соопштат, ако го забележат бегалецот. Во потрагата се вклучи и полицијата – која прави обид загубената панда да биде пронајдена со помош на геотермална камерата. Инцидентот може да е поврзан со тоа што во јануари започнува периодот на размножување за црвените панди. Во тоа време, животните се возбудени и нивното однесување е непредвидливо.
Црвените (мали) панди се ситни цицачи кои живеат во Кина и Непал, како и во Индија, Бутан и Бурма. Тие се покриени со црвени и кафеави влакна и имаат долга мека опашка. Во зоолошките градини во светот има околу 350 претставници на овој вид.