Специјализираното економско веб издание Money.co.uk неодамна се пресели во својата нова редакција. Медиумот е рангиран како втор најбрзо растечки бизнис во Велика Британија за 2015 година и бидејќи претходното седиште е веќе тесно, сопственикот Крис Морлинг одлучи да им подари на вработените сосем нова редакција … во замок.
“Ние поминуваме голем дел од своето време, седејќи на столици во канцеларија, па зошто пак таа да не биде колку е можно попријатно и удобно место за работа”, вели Крис Морлинг во фирмата сопственик на замокот, кој го крстиле со саркастичното име “Замокот на парите ” (Money Castle).
Крис го купува пред половина година од веќе неговиот поранешен сопственик, внатрешен дизајнер Лоренс Лоелен-Боуен. Историската градба е продадена за непозната цена. Трошоците за обновување на старата градба сепак се јасни. 3,7 милиони долари биле вложени во реставрација и чуден мебел.
Целосната површина на замокот е 930 квадратни метри, во кои се сместени повеќе работни места, но и не само тоа. Палатата-медиум има библиотека со тајна врата скриена зад книгите. Покрај тоа новинарите на Money уживаат огромна кујна, службена трпезарија, сала за игри и фитнес салон. Тие мислеле на сè, има дури и соблекувална.
Меѓу другите љубопитни простории се контроверзна сала за состаноци, кино ентериер и тоалет … Да, тоалетот (машки) има доста сексуални аксесоари, оформени како зацрвенети дамски усни.
Истражете ја редакцијата на Money во нашата галерија.