Воени експерти на САД сметаат дека Русија развива оружје против сателити

од Vladimir Zorba
82 прегледи

Кина исто продолжила да ги тестира своите одбранбени системи на “различни орбити”.


Стратегиската команда на ВС на САД (Стратком) смета дека Русија развива оружје против сателити, вклучувајќи ласери, изјавил командантот Стратком генерал Џон Хајтън.
“Русија изучува значителни воени можности против сателити, вклучувајќи ласери за употреба во вселената и други можности кои можат да го загрозат нашите сателити” – изјавил Хајтен во Калифорнија, цитиран од прес-службата на Пентагон.

Според него, користењето на такво оружје може да создаде големо количество остатоци на орбита, кои ќе го отежнат пристапот до орбитата на вселенски летала. Американскиот генерал рекол уште дека Кина продолжува да ги испитува свои одбранбени системи на “различни орбити”.

“Во недалечна иднина Русија и НР Кина ќе можат да ги користат нивните можности, за да се закануваат на секој вселенски апарат кој го има во вселената. Ние тоа мора да спречиме и најдобар начин да ја спречиме војната е да сме подготвени за војна. Така и ќе постапат САД. Ние ќе ги информирамее сите да знаат дека сме подготвени за војна “- додал американскиот генерал.