Супермоделот Нина Агдал изгледа неверојатно во новата рекламна кампања на костими за капење на Shopbop.
Родената во Данска убавица која веќе шест месеци е девојка на холивудската суперѕвезда Леонардо ди Каприо, позира во базен за серија на жешки кадри на кои носи шарени модели од новата колекција на брендот.
Нина со години работи првенствено како модел на долна облека и костими за капење, можеби поради фактот дека има супер атлетска фигура, која ја должи на долгогодишните тренинзи по кошарка во училиштето во родниот град Хилерод.
Пред да го маѓепса носителот на “Оскар” Лео, Агдал излегуваше со Адам Лавињ од Maroon 5 и со британскиот пејач Макс Џорџ.
Витката 24-годишна русокоса, која била модел на Sport Illustrated, е лице на Shopbop веќе неколку месеци.
Видете ги жешките нови слики на Нина и за новиот каталог на Sports Illustrated Swimsuit за 2017-та во галеријата.