Американската пејачка Џенифер Лопез изјави во интервју за “Пипл” дека ги крстила дизајните од нејзината колекција “Џузепе х Џенифер Лопез” по членовите на семејството.
На тој начин таа одлучила дека сака да “оддаде почит” на најблиските.
“Моето семејство е мојата безбедност – тие стојат секогаш цврсто зад мојот грб. А кога човек мисли за чевли тој го бара токму тоа – солидност и приземност. За мене во тоа има врска. Затоа го зедов името на братучетка ми Тиана, на сестра ми Лесли, Линда, ќерка ми Еме и сите други, за да ги почестам “, изјави 47-годишната пејачка за колекцијата, која ја создаде неодамна со неповторливиот дизајнер за чевли Џузепе Заноти.
Пред изданието пејачката признава и дека сакала еден од дизајните да го носи нејзиното име, но потоа му дала друго име.