(ГАЛЕРИЈА) Ѕирнете во новиот шик дом на Хилари Свонк

од Vladimir Zorba
84 прегледи

Американската актерка Хилари Свонк неодамна ги завршила декорациите на својот нов стан во Париз.

Новиот дом на ѕвездата комбинира традиционален шарм и современ дизајн. Акцентот во дневната на Свонк се двете сини фотелји од видот “лежалки“.

За свој советник во опремувањето Хилари го ангажираше Алекс Хјоин, креативен директор на француската куќа за мебел Henryot & Cie, која е на 150 години.

Сиот мебел во домот на добитничката на “Оскар” е дрвен и е направен по нарачка. Некои од најимпресивните меѓу нив се каучот со тапацир од кадифе и кожа и една црна маса во индиски стил, направена од малахит.

Самата Хилари објаснува пред списанието Architectural Digest како се заљубил во француската престолнина и зошто одлучила да купи имот во Париз: “Самиот град ме хипнотизира. Се заљубив во Париз, во неговите убавина, светлина, архитектура. Ги обожавам колачите кои ги прават тука. Луѓето во овој град се радуваат на животот. ”

Засега Свонк одбива да прецизира што ја натерало да се пресели од омилениот град Њујорк во Париз, но според медиумите, тоа може и да е нова љубов.

Видете слики од парискиот стан на американската актерка во галеријата.