Управа за заштита на културното наследство: Не се рушат градби кои се културно наследство

од desk2
119 прегледи

Управата за заштита на културното наследство во писмена реакција ги оквалификува како невистини денешните обвинувања на Роберт Алаѓозовски од СДСМ.

132434063-1

– Во однос на рушење на дел од културното наследство господинот Алаѓозовски или е целосно неинформиран или изнесува невистини затоа што при досегашните и идните активности предвидени на и околу античкиот театар, ниту е, ниту смее да се рушат никакви градби или елементи кои претставуваат културно наследство што навистина е забрането со закон, се вели во реакцијата.

Од Управата за заштита на културното наследство посочуваат дека конзервацијата на сценската зграда е завршена во 2016 година, а во моментот, како што се наведува во реакцијата, на оваа сценска зграда е невозможно да се направи целосна реконструкција бидејќи на дел од неа се наоѓаат современи христијански гробишта.

– Во врска со неговата изјава дека не се знае како точно изгледал античкиот театар во Скупи повторно треба на господинот Алаѓозовски да му нагласиме дека: На античкиот театар во Скупи во периодот од јуни 2013 година до мај 2016 година се извршени археолошки истражувања во кои целосно се истражи Театронот, Оркестрата, а Скената не се доистражи целосно со оглед на тоа што во нејзиниот северозападен дел се наоѓаат современите христијански гробишта, се вели во реакцијата и се додава дека истражувачкиот тим бил составен од стручни и научни лица од повеќе научни институции во државата.

За време на археолошките истражувања, се посочува во реакцијата, најдени се оригинални седишта Ин Ситу, коридори, влезови, степеници, оплати и слично со што се добиле доволно информации за изгледот на театарот.