Рим повикува на тревога: Иде “економска студена војна” во Европа – ќе има “ужасни последици”!

од desk2
87 прегледи

Велика Британија и ЕУ се насочуваат кон “економска студена војна”, која може да доведе до “ужасни последици” за Западот. Ова го предупреди италијанскиот заменик-министер за надворешни работи Марио Џиро, цитиран од “Политико”.


Во интервју за британското издание “Гардијан” Џиро истакна дека има многу повеќе твърдолиниски политичари во ЕУ, отколку што се смета, кои се против донесеното решение од Британиј.

“Се повеќе слушаме дека има луѓе – чии економски интереси – кои мислат дека можат да ја наследат економска позиција (…) од Велика Британија. И тоа ќе биде економска војна. Да речеме економска студена војна и ние не го поддржуваме тоа”, додаде тој .

Според него би било “многу лошо за западниот свет”, ако се влезе во нова ера на тврда конкуренција.

“Нам не ни треба таква тензија во овој момент”, убеден е Џиро.

Според него преговорите за Брезкит треба да се одржат во духот на трпението и спокојството, бидејќи постои опасност од одмазда и проблеми.

Тој изрази надеж дека говорот на премиерот на Велика Британија Тереза ​​Меј, која сигнализира “тежок” Брекзит, претставува “само еден говор” и не е поврзан со фактичката положба.