Состојки:
4 филети од лосос
3 лажици дижон сенф
сол и бибер по вкус
¼ чаша лебни трошки
медитерански зачин
¼ стопен путер
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 степени. Подгответе тави и алуминиумска фолија за печење.
Намачкајте го лососот од долната страна со маслото. На горната страна на филето намачкајте со дижон сенф. Посипете со трошките и зачините. Конечно посипете со малку од стопен путер и на врвот.
Завиткајте ја фолијата и печете околу 15 минути.