Кандидатот за канцелар Мартин Шулц може да го направи повеќе од агресивно однесувањето на социјалдемократите во Германија.

Поранешниот претседател на Европскиот парламент Мартин Шулц, кој е главен конкурент на Ангела Меркел на идните избори во Германија, може да ја “исфрли од тронот” на пет различни начини, пишува “Политико”.
Прво – Шулц може да го направи повеќе од агресивно однесувањето на Социјалдемократската партија на Германија. Ако се суди според јавното мислење, во последните 4 години работите во партијата воопшто не одат добро, независно од успесите за време на преговорите во владејачката коалиција во 2013 година, што се однесува до внатрешната состојба на партијата, тогаш социјалдемократите му го даваат изборот токму на Шулц , а не на Зигмар Габриел, кој пред неговото назначување за министер за надворешни работи беше сметан за главен конкурент на Меркел на идните избори, се вели во статијата.
Второ – Мартин Шулц може да ги обедини сите лево ориентирани крила, создавајќи коалиција со партиите “Зелените” и “Левите”. Тоа ќе ги зголеми шансите на СДПГ против конзервативците. Но, овој план ќе успее само ако “Алтернатива за Германија” не добие премногу места во парламентот. За да не се случи тоа, Шулц треба да го одвлече вниманието на гласачите од лидерот на “Алтернативата” Фрауке Петри, пишува авторот.
Трето -За време на предизборната кампања Шулц може темелно да го избегнува миграциското прашање: електоратот на неговата партија, како и по цела Европа, се дели на луѓе кои се против бегалците, и на луѓе кои се подготвени да бидат “распнати на крст” противниците на миграциската политика на Ангела Меркел. Кога ова прашање не може да се избегне, тој само треба да потсетува за «европските одлуки» на прашањето кои божем требаа да се пренесат во животот, пишува весникот.
Четврто – Шулц може да се сврти кон Германците, претставувајќи ги работничката и средната класа, за да ги повлече од антимиграционната “Алтернатива за Германија”. Поранешниот шеф на Европарламентот во последните месеци даде да се разбере дека неговата предизборна стратегија ќе биде центрирана на очекувањата на обичните граѓани на земјата.
Конечно, Шулц може едноставно да ги користи своите силни страни: статусот на највлијателниот Германец во Брисел. И дури и ако неговата партија е осудена уште 4 години да ја игра улогата на помлад партнер на конзервативците на Меркел, работата во кабинеттот на ЕУ покажува какви успеси може да постигне тој во рамките на “голема коалиција”, нагласува “Политико”.
Парламентарните избори во Германија ќе се одржат на 24 септември 2017 година Ангела Меркел има намера по четврти пат да го нападне канцлерскиот престол.