Разузнавањето на САД и Стратегиската команда на вооружените сили на САД (STRATCOM) ги анализираат способноста на властите на Русија и Кина да “преживеат нуклеарен удар” и да продолжат да функционираат. Ова денеска го пишува агенција Bloomberg, цитирана од Руски дневник.

Според информациите работата почнала уште пред Доналд Трамп да ја преземе претседателската функција и се води по барање на конгресот. Иницијативата е поддржана и од републиканците, така и од демократите.
Се очекува анализата да вклучува “локација и опис на подземните комуникации, кои се од политичка и воена важност”.
Во своето прво интервју по изборот американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е можно санкциите против Русија да бидат ослабени, ако биде склучен билатерален договор за намалување на нуклеарното вооружување. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека овие прашања едвај можат да бидат поврзани од експертска гледна точка.