Крајбрежјето во Русија, во реонот на Тихиот Океан е исклучително колоритно на едно одредено место. Тоа е формирано не од песок, туку од стари шишиња, порцелан и опрема и веќе се претвори во туристичка атракција.
Всушност станува збор за плажата Усури Беј, во Приморскиот регион, на 30 минути возење од градот Владивосток. Во минатото оваа плажа била користена како депонија, каде што камионите фрлале стаклени шишиња и отпадоци од локална фабрика за порцелан.
Природата сепак ги исправила човечките грешки, претворајќи ги во вистинска радост за окото.
По години на ерозија се исполирал стаклениот отпад на плажата и денес тие се прекрасен поглед, за која луѓето плаќаат мала надокнада за посета.
Туристите се воодушевени од треперливиот брег, чистите води и импресивните карпи на заливот Усури, познат во Русија како “Steklyashka”.
Плажата е прекрасна во зима кога снегот ги нагласува силните бои на стаклото.
Во летото бојата на плажата личи на калеидоскоп.
Видете слики од плажата во галеријата.