Од Министерството за култура со писмено соопштение реагираат по изјавата на Роберт Алаѓозовски од СДСМ, министерката Канчевска Милевска да не уништува архивски материјали.
![]()
„Информираме дека Министерството за култура ќе поднесе кривична пријава и тужба за граѓанска одговорност против Роберт Алаѓозовски кој на денешната прес-конференција изнесе бројни лаги и невистини и го наруши угледот на самата институција.
Дописот кој Алаѓозовски го презентираше во јавноста, кој патем е незаконски стекнат, претставува законска обврска на Секторот за општи работи при комуникацијата со останатите сектори во Министерството, предвидена согласно Законот за архивски материјал, Уредбата за канцелариско и архивско работење и Упатството за начинот и техниката на постапување со архивскиот и документираниот материјал во канцелариското и архивското работење.
За оваа изнесена лага и невистина, покрај кривичната пријава и тужбата од страна на Министерсвото за култура, соодветна тужба ќе поднесе и лично министерот за култура“ стои во соопштението од Министерството.