Бијонсе сруши рекорд со објавената фотографија и веста за бременост

од Vladimir Zorba
75 прегледи

Еуфоријата покрај бременоста на Бијонсе станува поголема и ете, таа веќе го собори рекордот по популарност.

На 1 февруари дивата сподели во мрежата свое селфи на кое го разголува својот огромен стомак.

“Неверојатно благодарни сме дека нашето семејство ќе се зголеми за уште два члена, ви благодарам за добрите желби. Семејството Картер “, напиша пејачката.

Само за неколку секунди сликата доби десетици илјади допаѓања, а неколку часови подоцна го скрши рекордот за најмногу “лајкувана“ слика во социјалната мрежа!

Бијонсе успеа да ја победи апсолутната фаворитка до моментот, Селена Гомез, чие рекламно селфи на Кока Кола собра над 6,3 милиони фанови. За 8 часа рамката  на бремената Бијонсе доби скоро 7 милиони допаѓања и над 350 илјади коментари.

Блиски до пејачката открија дека таа неслучајно го избрала токму овој ден за да ја сподели среќната вест. На 12 февруари се наградите “Греми”, на кои таа ќе биде меѓу гостите изведувачи и номинираните.