Кајли Миног ставила крај на свршувачката со 29-годишниот актер Џошуа Саси, откако се посомневала во неверство со млада актерка.
Кајли и Џошуа ја почнаа врската во текот на летото на 2015 година. Според блиски на пејачката таа веќе го исфрлила од својот дом во западен Лондон.
Според жолтите медиуми пак, Саси ја изневерил со шпанската актерка Марта Миланс која е на 34 години.
Миног била со скршено срце по љубовната драма, тврдат медиумите на Островот.
Само пред неколку дена 48-годишната русокоса од Австралија зборуваше во интервјуата за плановите да се омажи за младичот оваа година.
Извор близок до ѕвездата вели: “Тоа е целосно опустошена и скршена. Навистина не веруваше дека тој може да ѝ причини нешто слично. ”
Марта и Џошуа се сретнале за време на снимањето на телевизиско шоу во Ванкувер, Канада, на крајот на минатата година.