Кара Делевин не се плаши од брчки

од Vladimir Zorba
69 прегледи

Моделот и актерка Кара Делевин изјави дека ја чека со нетрпение појавата на линии по лицето. Во интервју за “Пипл” 24-годишната убавица откри дека за неа брчките се убавина што треба да се величи, а не да се крие.

“Давајте ги (брчките) наваму! Мислам дека брчките се синоним на искуство. Жените треба да прифатат дека стареењето е убав процес, дел од животот, а не нешто против кое треба да се бунтуваме”, рече таа.

За Делевин слична изјава е голема промена имајќи го предвид фактот дека во 2015 година таа привремено ја прекина модната кариера заради „омраза“ кон својот изглед.