Од почетокот на годината упорно се молчи, дека Џорџ Клуни конечно ќе станува татко. Шпекулациите се појавија по објавувањето на слики на кои се гледа дека 39-годишнтаа сопруга, која до неодамна беше нарекувана анорексична, дека има малку заоблено стомаче. Ниту една од ѕвездите досега јавно не ја потврдила веста.
Соседите на ѕвездената двојка сепак признаа пред RadarOnline дека го приморале Клуни, додека го шетал своето куче и Џоан Фарниз го прашала дали навистина ќе станува татко и кога е терминот на Амал. Џорџ не можел да ја скрие насмевката и кимнал потврдно на првото прашање.
Малку подоцна 55-годишниот добитник на “Оскар” и неговата сакана го посетиле омилениот паб The Bull, каде со своето однесување повторно ги зацврстиле сомневањата дека ќе стануваат родители.
“Тие секогаш порачуваа црвено вино, но овој пат Џорџ побара кафе, а Амал си зеде без кофеиново кафе. Очигледно налетите за слатко покрај бременоста кај неа се силни, бидејќи веднаш нападна еден тофи пудинг – нешто што никогаш не си го порачала досега “, изјави пред медиумите келнерка од локалот.