Претстои една прекрасна љубовна недела. Меѓу партнерите ќе има повеќе романтика, сензуалност и доверба. Што ве очекува? Видете во љубовниот хороскоп.
Овен
Ќе бидете во можност да добиете многу од она за што сте сонувале во љубовта. Вашата партнерка ќе ви покаже колку сте важни за него/неа. Очекувајте многу романтични гестови, добра комуникација и неверојатни моменти заедно.
Бик
Вашиот љубовен живот може да е потивок од обично оваа недела, но омилениот човек ќе биде секогаш крај вас и ќе ја покажува својата љубов. Ќе ве поддржи во однос на кариерата. Не заборавајте и вие да надоместите со внимание и љубов.
Близнаци
Иако Јупитер ќе остане ретрограден во секторот на љубовта овој понеделник, тоа нема да влијае којзнае колку негативно врз вашиот романтичен потенцијал. Јупитер ќе продолжи да го благословува и проширува капацитетот, за да уживате колку е можно повеќе во љубовната афера.
Но, оваа недела планетата ќе влијае така што ќе биде полесно да ги проширите вашите хоризонти. Ќе ја видите саканата во друга светлина, ќе ја откриете некако.
Рак
Врзаните Ракови дефинитивно ќе постигнат напредок во комуникацијата. Ќе се чувствувате слободни да ги споделите вашите чувства. Некои од вас ќе бидат во можност да споделат и длабоки интимни желби и тајни. Како резултат на тоа само ќе се зајакне љубовта меѓу вас.

Лав
Овој петок Месечината врши затемнување во вашиот знак ќе ви овозможи да се откриете пред партнерот. Ако досега не сте биле сигурни во чувствата на партнерот, тоа ќе се промени. Бидете свои, не се обидувајте да го менувате за да привлечете повеќе внимание. Омилениот човек ќе ви покаже дека нема причина да се грижите.
Девица
Ако неодамна сте страдале заради љубов, оваа недела ќе започнете да предизвикувате некои промени во љубовниот живот. По Месечeвото затемнување во петокот, тоа ќе почне постепено да се нормализира. Размислете дали има некој што го гоните и кој можеби не ви одговара на чувствата. Срцето заслужува да добива љубов, не го заборавајте!
Вага
Љубовта ќе се движи во позитивна насока и овој тренд ќе продолжи. Комуникацијата помеѓу вас и вашата сакана ќе биде посебна по вторникот. Нема да има проблеми помеѓу вас, ќе разговарате на лични теми, ќе влијаат интимни прашања. На пат е и да се оствари некоја силна ваша желба во однос на љубовта.
Скорпија
Врзаните претставници на зодијачкиот знак оваа недела можеби ќе им донесат пријатно изненадување на своите блиски. Ова може да е вест за заеднички соживот, купување на нов дом, предлог за брак и дури вест за бебе. Ве очекуваат убави денови.
Стрелец
Разговорите помеѓу вас и вашата сакана ќе бидат за љубовниот живот и партнерството. Ќе ги споделите своите идеи, мисли, ќе ги решите старите спорови. Неделата е погодна за планирање на забава со пријателите или патување.
Јарец
Што се однесува до финансиите, оваа недела очекувајте со саканата добри вести. Можно е да се исплати некој долг, со што ќе се ослободат идни приходи. Исто така, ќе ги споделите вашите интимни желби, кои досега сте ги чувале во тајност во партнерот. Откако тоа ќе го направите, ќе се чувствувате поблиски и многу повеќе сакани.
Водолија
Овој петок Месечевото затемнување во вашиот сектор на партнерство ќе доведе до пресвртна точка во љубовта. За среќа промените ќе се во позитивна насока и со партнерот ќе се почувствувате поблиски. Ве очекува задоволство, хармонија.
Некои од вас ќе добијат понуда за брак, за други, ако биле разделени поради какви околности, ќе има шанса повторно да се соберат. Среќата е кај вас.
Риби
Оваа недела вие и вашиот партнер ќе имате можност за спроведување на долги, важни и значајни разговори. Можно е да планирате некоја голема промена во животот. Дејствувате плашливо, а тоане бива. Се ќе биде во ред, само треба да си верувате еден на друг.