Парабола: Тајната на среќниот брак

од Vladimir Zorba
86 прегледи

Велат дека тајната на среќниот брак лежи во комуникацијата, чесноста и компромисот меѓу партнерите. Правиш ли компромиси во твојата врска? Се повлекуваш, или секогаш едниот ги прави, а другиот не? Ако ви е тешко да си одговорите на овие прашања, но барате одговор на што се должи среќата во бракот, следната кратка поучна приказна е за вас.
Маж и жена биле во брак веќе 30 години. Секое утро жената печела леб, бидејќи таква била нивната семејна традиција. Сечела две парчиња од него. Обично таа му ја давала средината на лебот на мажот, а за себе го оставала крајчето. Но, во овој ден таа си помислила:

“Денес, кога славиме 30 години од нашиот брак, сакам за појадок да го изедам парчето од средината. Сонувам за него во текот на сите овие години. Бев добра жена во сите овие години, ги воспитував нашите синови да бидат добри луѓе. Вложив толку многу напори за доброто на семејството! “И така, одлучила овој пат да му даде на нејзиниот сопруг крајче.

Раката ѝ треперела кога го подала лебот. Но, нејзиниот сопруг внимателно го прифатил и ѝ рекол:
– Денес ти ми го даде најскапиот подарок. Цели 30 години не сум го јадел делот со кора, која толку многу ја сакам, бидејќи сепак е фер ти да го добиеш она што најмногу го сакаш! Ти благодарам!