Германските разузнавачки служби не пронајдоа докази дека Русија води кампања за дезинформација против германската Влада, пишува германскиот весник „Зидојче цајтунг“.
Според пишувањата на весникот тоа е заклучок до кој дошле експертите на Сојузната разузнавачка служба (БНД) и контраразузнавачката служба (БфВ), по истрагата, која траеше речиси една година.
– Не пронајдовме докази, изјави извор од германската Влада за „Зидојче цајтунг“.
Истрагата е водена по инструкции на германската Влада. Кабинетот на канцеларката сепак им наложи на тајните служби да продолжат со истрагата со цел да се открие потенцијален обид да се влијае врз политичката ситуација во Германија.