Австралискиот супермодел Миранда Кер е свршена за коосновачот на Snapchat Еван Шпигел, но двајцата сè уште немале секс, призна самата таа. Причината е во саканиот нејзин, кој бил голем традиционалист и не сакал да ги консумираат односите пред да се венчаат.
Запрашана за време на интервју за The Times дали планира да му подари наскоро брат на синот убавицата сподели: “Сè уште не. Барем не додека се омажам. Партнерот ми е голем традиционалист. Не можеме … Во смисла сè уште чекаме “.
33-годишниот модел и 27-годишниот милијардер се запознаа случајно во 2014 на вечера организирана од Louis Vuitton во Лос Анџелес. Минатото лето ѕвездите ја објавија свршувачката и се очекува подоцна оваа година да застанат пред олтарот.
Неодамна Миранда призна дека била доста скептична кон помладиот Еван.
“Реков:” Многу е сладок, но е премногу млад за нешто сериозно “, додаде Кер.