Црвениот телефон на Хитлер на аукција

од Vladimir Zorba
74 прегледи

Црвениот телефон кој е пронајден во бункерот на Адолф Хитлер, каде што тој се самоубил, ќе биде продаден на аукција. Телефонот, кој првично беше црна и потоа обоен во црвена боја, е дело на Сименс.

На задниот дел на телефонот е додаден кукастиот крст на нацистите и името на сопственикот на мобилен телефон. Синот на британскиот офицер, кој го пронашол овој телефон, раскажа дека татко му го зел како спомен за победата над диктаторот, соопштува CNN.

Аукциската куќа “Александар Хисторикл Окшнс”, каде ќе биде претставен на аукција, го опишува предметот како “мобилно средство за уништување” и како “уништувачко оружје” за своето време, што испратило милиони луѓе на смрт.