(ФОТО) Кристи Бринкли во костим за капење на 63 години

од Vladimir Zorba
144 прегледи

Еден од првите супермодели во историјата – Кристи Бринкли, демонстрира идеална форма во фотосесија со костим за капење.

63-годишната Кристи сними одлична сесија заедно со своите две ќерки – Алекса и Сејлор за списанието Sports Illustrated. Кристи е еден од најпознатите модели на долна облека, која се снимала во многу проекти на изданието и е првата корица за костими за капење во далечната 1979-та година.
37 години подоцна Бринкли повторно застанува пред камерата, но овој пат во друштво на пораснатите ќерки.

Супермоделот изгледа зачудувачки за своите 63 години. Но, пред списанието People таа вели дека имала дилеми дали да се снима на оваа возраст.
“Мојата прва мисла беше “На моите години? Нема шанси! Кога наполнив 30, си реков дека тоа ќе биде последниот пат кога се фотографирав во костим за капење. А сега, кога списанието ќе излезе, јас ќе имам 63 години. Мислев дека овие денови се одамна минати. Но, ете, дека пак ми се случи да го направам тоа, и тоа со моите девојки! “, вели ѕвездата.

Еве како изгледала Кристи на слики за корица на списанието, што излегло во 1980-та година.