РБК пресмета колку чинеше мисијата на рускиот носач на авион “Адмирал Кузнецов” во Сирија

од desk2
84 прегледи

Тоа беше прва борбена мисија на носачот на авиони.


Мисијата на носачот на авионот “Адмирал Кузнецов” чини меѓу 7,5 и 10 милијарди рубљи (110 и 150 милиони долари), пресмета економскиот руски сајт РБК.
Главните трошоци доаѓаат од загубата на двата авиони Миг-29К и Су-33, кои беа уништени при обидите за слетување. Поаѓајќи од извозната вредност на ловците авиони, нивната замена чини од 4,5 до 6,7 милијарди рубљи (70 и 100 милиони долари).

Непосредно за извршените 420 полетувања (од кои 154 за напади врз цели во Сирија) се потрошени околу 1,5 милијарди рубљи.

Реалната вредност на мисијатат може да биде поголема, бидејќи треба да се земат предвид податоците за користење на подводната флота и групата бродови, бидејќи за нив нема достапни информации.

КОМЕНТАР: Прво, ако не беше операцијата во Сирија, овие бродови и подморници требаше да плови во други региони, бидејќи според неофицијални светски норми тие треба барем една четвртина од годината да се на отворено море за тренинг на екипажите.

Второ, тоа е првата вистинска борбена мисија на “Адмирал Кузнезов”, во која се пресметуваат сите добрите и лошите страни од употребата на авиони, кои ќе бидат земени при започнатата подолга поправка во Североморск. Добивањето на секое воено искуство чини пари.