Латас: Груевски мирно спие, никој не може да го стави во затвор следните две години

од desk2
85 прегледи

Уредникот на Сител, Драган Павловиќ Латас на гостувањето во МРТ кажа дека доколку Никола Груевски оди во опозиција ќе има сто илјади повеќе гласови на следните избори и 61 пратеник.

-Груевски мирно спие, зошто се оди на негова вода. Ако отиде во опозиција, тој ќе добие 100 илјади гласа повеќе на наредните избори, тоа се 61 пратеник. Груевски и неговата група никој не може да ги отера во затвор во наредните две години, и да ги суди и осуди СЈО, барем две години се судските постапки. До тогаш тој е невин човек. Како што е и Заев е невин, кој е два пати амнестиран, има еден процес, а наскоро ќе има и нов процес против него како што слушам во рамките на прислушувањето, рече Латас./цитира а1он