(ВИДЕО) Бразилската војска започна да патролира на улиците во Виторија

од desk2
84 прегледи
Повеќе од 1.000 војници се испратени да патролираат на улиците на југоисточниот бразилски град Виторија, по бранот грабежи, насилства и убиства.
Убиствата во градот што се наоѓа во државата Еспирито Санто започнаа откако на улиците престанаа да патролираат возила на воената полиција. Роднини и пријатели на овие безбедносни сили ги блокираа касарните на воената полиција со барање за поголеми плати за нивните блиски.
Вчера неколку крадци ја искористиле настанатата ситуација за да искршат излози и врати на продавници,  а групи на цивилната полиција биле принудени да употребат сила за да ги запрат крадците.
Силите на војската беа распоредени со цел да помогнат да се запре растечкото безредие.
Бразилскиот министер за одбрана Раул Унгман изјави дека ангажманите се со цел да се врати редот, мирот и спокојството во Виторија и секаде каде што е потребно.