(ГАЛЕРИЈА) Том Хидлстон проговори за Тејлор Свифт: Врската ни беше вистинска

од Vladimir Zorba
83 прегледи

Додека беа заедно Том Хидлстон и Тејлор Свифт не можеа да спречат да бидат прогонувани од папараците. Сега за прв пат британскиот актер проговори за врската со американската пејачка.

Британскиот актер Том Хидлстон за прв пат проговори пред GQ  за врската со пејачката од САД Тејлор Свифт, велејќи дека односите им биле целосно вистински.

Двајцата имаа бурна, но кратка врска, која траеше само три месеци. Во оваа летна романса секој од нив го запозна својот партнер со своето семејство, поради што во почетокот изгледаше како врска, која ќе се одржи со времето.

Во исто време двајцата беа постојано заедно и многумина се сомневаа дека односите им се само маркетиншки трик. Дали тоа е причината за нивната разделба во септември минатата година, не станува јасно. Тејлор и Том  не ја коментираа разделбата.

“Тејлор е неверојатна жена. Таа е дарежлива, мила, шармантна. Поминавме убаво време заедно. Се разбира дека работите меѓу нас беа вистински”, вели Хидлстон и додаде дека во секоја врска е потребно да се вложат напори. Уште повеќе, ако е “на екранот”.

За озлогласената маица со натпис ” I love TS “, со која беше забележан на годишната забава за 4 јули, организирана од Тејлор Свифт, Том објаснува дека ја облекол на шега.

Според Хидлстон не само што јавниот интерес, може да ја поремети љубовта, но и “секакви други работи”.

Видете го Том пред фотографот за GQ во галеријата.