Илјадници го испратија командантот на баталјонот “Сомалија” на неговиот последен пат.

Командантот на баталјонот “Сомалија” Михаил Толстих со прекарот Гиви беше погребан во Доенцк до својот воен другар Арсен Павлов, познат по прекарот Моторола. Пред Донецк театар, каде што се одржа жалостната церемонија, се собраа илјадници луѓе.
Многуина дојдоа од други градови, во кои војувал баталјони “Сомалија”, кој беше предводен од загинатиот.

На снимката од церемонијата се гледа дека ковчегот со телото на Гиви е поставено вр специјално количка за орудија. Потоа погребната поворка се упатила кон гробовите на централната улица. Жителите на Донбас го испратија комамнадантот на неговиот последен пат со цвеќиња и аплауз.

“Херојот на Донецк народна република, полковник Михаил Толстих ќе биде запаметен од целиот свет како легендарниот командант Гиви. Тој ќе остане во нашата меморија како непобедлива воин, вистински син на својот народ, бранител на Донбас”, рече во својот говор лидерот на ДНР Александар Захарченко, пренесе “Донецк новинска агенција” во петокот (10-ти февруари).

“Гиви покажа што значи војнички дух и донбаски карактер. Со својот мал одред тој ги надмина силите на противникот и му нанесуваше тешки порази во секое борба”, истакна лидерот на ДНР.

Претседателот на Народниот совет на ДНР Денис Пушилин пак посочи дека загинувањето на Толстих е трагедија за целата република.

Илјадници дојдоа да се простат со легендарниот командант на бунтовниците – од деца до пензионери, често цели семејства. Луѓето носеа цвеќиња и не успеваа да прикријат солзите.

“Го испраќаме како сопствен син”, рече жителката на Донецк Лидија Азизова, цитирана од “Взглјад”.

Прошталната церемонија со командантот на “Сомалија” се одржа во зградата на Донецкиот државен академски театар за опера и балет “Соловјаненко”.

Толстих беше убиен во средата наутро во својот кабинет. Ден подоцна заменик-командантот на бунтовниците ДНР Едвард Басурин изјави дека истрагата веќе е на патеката на убиецот.

Смртта и поклонувањето пред Михаил Толстих потврдуваат дека Донбас никогаш нема да се врати во Украина, напиша новинарот Андреј Бабицки за life.ru.

“Дури и во најлошите кошмари обичен Украинец, се гордеесо двобојнојто знаме и припадноста кон голема нација, не би дозволил дека негов сосед може да биде човек, Рони солзи зад ковчезите на Гиви и Моторола! Приближувањето е невозможно – ниту од едната, ниту од другата страна. Можеби по илјада години! “, напиша Бабицки.



Траурное шествие и похороны: Донецк прощается с Гиви — ПРЯМАЯ ТРАНСЛЯЦИЯ. Смотрите и комментируйте с «Русской Весной» (ФОТО, ВИДЕО) | Русская весна

Траурное шествие и похороны: Донецк прощается с Гиви — ПРЯМАЯ ТРАНСЛЯЦИЯ. Смотрите и комментируйте с «Русской Весной» (ФОТО, ВИДЕО) | Русская весна