Топмоделот Кејт Мос се појави во центарот на Лондон со преврзана десна рака. Убавицата видливо претрпела инцидент и го повредила зглобот на кој има специјална шина која ѝ ја зафати и раката до лактот.
Мос беше забележана од папараците додека пазарува во центарот на англиската престолнина, Облечена во целосно црна облека со леопардски принт.
Подоцна Мос седна на кафе со пријателите, а на имобилизираната нејзина рака очигледно не ѝ пречи да држи цигара.
Само пред неколку дена пак Кејт Мос изгреа на корицата на списанието W со Џенифер Лопез, Џесика Частејн, Тараџи Хенсон и дизајнерката Донатела Версаче.
43-годишната русокоса сепак единствена која се снимила сосем гола.

Фото: Splash

Фото: W