Неодамна откриени писма откриваат дека легендарната Прва дама Џеки Кенеди требала да се омажи за поранешниот британски амбасадор во САД Дејвид Ормсби-Гор пред да го избере магнатот Аристотел Оназис за свој втор сопруг.
Ормсби-Гор, кој подоцна ја наследува титулата Лорд Харлек е пријател од детството на 35-тиот американски претседател Џон Кенеди и негов близок советник за време на Кубанската ракетна криза, потсетува “Њујорк тајмс”.
Според случајно откриената од неговото семејство кореспонденција меѓу двајцата, тие имаат развиено врска базирана на “љубов и болка” по смртта на партнерот. Ормсби-Гор дури и предлага брак, но таа му откажува категорично под изговор дека сака да избега од своето минато и да биде со “некој кој не е дел од целиот овој свет на болка”.
Нацрт на неговиот одговор покажува колку скршено било неговото срце од нејзиното одбивање. “Зошто нештата исполнети со таква агонија, треба да се случуваат? Зарем има потреба од нив? Со часови се обидував да го дознаам твоето објаснување и можеби донекаде успеав, иако не се согласувам со него. Но, она што го наоѓам за неподносливо и донекаде неискрено, најдрага ми Џеки, е како можеше да стигнеш до такoв категоричен заклучок “, пишува тој.
Ова се случува во 1968 година, кога и братот на Џон Кенеди, Роберт, е убиен во Лос Анџелес и Џеки официјално одлучува да ја напушти земјата со своите деца, за да се спаси од клетвата на семејството Кенеди.
На 20 октомври истата година Жаклин (како што е нејзино вистинско име) склучува брак со грчкиот милионер Аристотел Оназис, чии пари ѝ помогнаа да го постигне токму тоа – комфорт и стартување. 7 години подоцна 46-годишната Жаклина Оназис повторно останала вдовица.
Писмата меѓу Дејвид Ормсби-Гор и Џеки Кенеди ќе бидат продадени на аукција во Лондон, организирана од аукциската куќа “Бонам”. Таа ќе се одржи кон крајот на идниот месец.