
Најмногу утврденото место на терористичката група “Исламска држава”, кое беше во предворјето на градот Ал Баб на 11 февруари е ослободено од терористите. Според информација на руското Министерство за одбрана, во Тадеф се ликвидирани над 650 терористи. Операцијата на сириските војници беше спроведена со поддршка на ВКС на Русија од воздухт. Покрај жива сила, ликвидирани се и терорисичките тенкови БМП и џипови со тешко вооружување.
Покрај тоа, како што велат од руското воено министерство, сириските војници го ставиле под своја контрола патот по кој терористите ја превезувале својата муниција.
“Како резултат на офанзивата сириските владини трупи ја достигнаа целта договорена со турската страна и линија на разграничување од формации на Слободната сириска армија”, рекоа уште од руското МО.