Во Париз повтроно палат автомобили (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
84 прегледи

Протестите против полициското насилство не стивнува

Демонстранти против полициското насилство во предградието на Париз Боби почнаа да палат автомобили, соопштува RT. Во протестната акција во префектурата на департманот Сена Сен Дени учествуваат десетици лица.

Демонстрантите држат во раце транспаренти со слогани како “Правда за Тео”. Станува збор за момчето, кое беше подложено на сексуално насилство од страна на полициски службеници.

Масовните протести во Париз започнаа на 6 февруари, откако полицијата  го приведе 22-годишниот дојденец  од Мароко. Момчето беше осомничен за трговија со дрога. Тој беше однесен во полициска станица, откако беше претепан и силуван. Жртвата во моментов е во болница.

Обвиненија се покренати против четворица полицајци.