“Дебенхамс” ќе стане првата голема стоковна куќа во Европа, во која ќе се продава традиционалниот хиџаб за жени.
Од мај месец синџирот ќе нуди исто така разновидност и од други муслимански модни предмети – блузи, фустани, женски комбинезони, наметки со кимоно ракав и други во избраните свои гранки.
Тие ќе се дело на “Ааб” – меѓународен моден бренд кој создава “модерна и скромна облека” и кој од неодамна е партнер со “Дебенхамс”. Дизајнот на брендот ќе биде претставен во продавниците на “Дебенхамс” во Бирмингем, Вестфилд, Манчестер и Лондон.
Партнерството меѓу двете компании се совпаѓа и со отворањето на 14 нови меѓународни филијали на “Дебенхамс” во Дубаи, Кувајт, Саудиска Арабија, Бахреин, Иран, Индонезија и Малазија и други земји од Азија и Блискиот Исток.