Француски ресторани нудат остриги во форма на срце

од Vladimir Zorba
78 прегледи

Франција, традиционалната земја на романтиката, излезе со нов предлог за љубителите на вљубените – остриги со форма на срце. Романтичните оброци се дело на земјоделец од медитеранскиот брег, кој во текот на околу 10 години успешно се посветил на овој нов вид морски суштества.

Се очекува оваа година остригите да се меѓу најпорачуваните јадења на Денот на вљубените.

Сè започнува со љубовта кон една жена.

“Еднаш вечеравме остриги и свршеницата најде во чинијата една која многу личеше на срце. Се возбудив и решив дека сакам да гледам повеќе такви “, раскажува фармерот Кристоф Гуне.

Тој тестирал неколку техники, пред да се насочи кон создавањето на романтични мекотели. Кристоф одбива да ја открие тајната и додава дека со секоја година го подобрува процесот сè повеќе и повеќе.

Неговиот труд е ценет од водечките француски ресторани, а и од неколку такви во Шпанија. Интересен факт е дека производителот одлучил да ги продава романтичните остриги по иста цена како останатите, иако тие бараат доста повеќе напори.