Исклучително тешко е да ги опишеш човечките чувства. Што да зборуваме за нивното илустрирање? На еден човек сепак воопшто не му е тешко да ги наслика емоциите. Ако воопшто има значење, тој е Французин, се вика Роналдо Сирил.
Веројатно затоа што од 6 години се занимава професионално со клиничка психологија, Роналдо со леснотија успева да ја улови магијата на човечката душа. Тој до таква длабочина го препознава појавувањето на љубовта, што успешно реализира дури и мили и емоционално-интимни фантазии на вљубените.
Во неговата уметност ќе видите една исклучителна нежност. Надреалниот негов стил плени, ја тера имагинацијата на гледачот да трепери, некако да си вели “И јас го почувствував така!”.
“Мојот стил е меѓу надреален и фантастични”, вели уметникот-психолог. – “Мислам дека цртам слики на некоја друга димензија”.
30-годишниот Роналдо Сирил тврди дека никогаш не земал часови по цртање.
“Имам само малку поим од човечката анатомија …”, вели тој.
Во сајтот уметникот раскажува дека работи по интуиција, а го компензира недостатокот на уметничко познавање со многу бои.
Видете ја креативноста на психологот-уметник во нашата галерија.