Интимните детали кои НЕ треба да ги споделувате на Фејсбук

од Vladimir Zorba
51 прегледи

Некои луѓе имаат тенденција да објавуваат крајно лични работи на социјалните мрежи, а не треба. Има детали од приватниот живот, особено љубовниот што навистина треба да си останат такви – лични.
Ако досега не сте размислувале дали споделувате несоодветни работи во вашиот профил на социјалните мрежи за вашата врска со партнерот, еве што никогаш не треба да дискутирате јавно таму.

Неговите вештини во креветот
Дури и да испраќате скриени пораки, најблиските ќе се сетат за кого навестувате. Го ставате во крајно непријатна ситуација партнерот, бидејќи не само што тој може да се препознае во вашите пораки, но и луѓето кои ве познаваат како двојка ќе се прашуваат како може да зборувате такви работи пред сите.

Најголемите скандали
Некои жени (а и не само жени) се чувствуваат некако должни да ја занимаваат целата своја сурија од пријатели со своите интимни проблеми. Читајќи за тоа како сте се скарале, вашите пријатели само ќе се удрат по челото и зачудат како е можно да го споделите тоа со сите отколку да станат сетат за вознемиреноста.

Овие разговори се погодни за дискутирање на живо, очи во очи и тоа во поинтимно опкружение, а не на ѕидот на Фејсбук.

Вашите дебати и контроверзии
Има луѓе кои бараат емпатија или совет како да постапат при расправија со партнерот, а за целта го раскажуваат целиот интимен разговор или кавга, кои ги имале со партнерот. Останува да раскажете како точно сте се снашле потоа, сте имале секс, како поминало во кревет и дали воопшто сте го правеле во кревет. Пријателите би биле “среќни” да ги дознаат и овие сочни детали.


Пасивно-агресивни мислења и твитови
Има и луѓе кои сакаат да пуштаат совети, упатени кон партнерот преку социјалната мрежа, бидејќи знаат дека ќе ги прочитаат. Ако дејствувате на принципот “велам ти, ќерко, сети се снао!”, сите ќе ви се потсмеваат.
Наместо тоа соберете храброст и разговарајте со партнерот лице во лице. Не се изложувајте со слично пасивно-агресивно однесување, расфрлање совети и нерешавање на проблемите.

Не постирајте ништо во првиот месец од врската
Ако сте во скоро започната врска најдобро е да не запознавате многу пријатели по прашањето. Внимавајте што објавувате и бидете пасивни. Се уште не го познавате партнерот толку добро и ризикувате да направите погрешен потег.

Лични разговори
Веројатно секој од нас има барем еден пријател на социјалните мрежи, кој умира да ги објавува личните разговори со партнерот и тоа во форма на дијалог, со директен говор и интерпункциски знаци.
Не мислете дека со тоа ќе ги заработите симпатиите на пријателите или дека ќе станете оригинални во нивните очи. Не мислете исто дека испраќате нешто забавно и смешно, во кое ќе учествуваат сите ваши блиски луѓе. Тие едноставно повторно ќе се фатат за челото и ќе ви се потсмеат.