Љубовните односи во секоја врска се различни. Некои постојано демонстрираат љубов и приврзаност еден кон друг, додека на други врската е како драма со лош крај. Според психолозите според последните анкети врските се поделени во 4 вида.
А, вашата која од овие 4 е?
1. Драматични врски
Околу 34% од испитаните врски припаѓаат на оваа категорија. Драматичните врски се карактеризираат со голем број на промени во односите меѓу партнерите. Во еден момент тие се топли, има разбирање, во друг, некој од партнерите одлучил дека има потреба од повеќе простор. Често во овие врски комуникацијата се одвива тешко. Не се ретки случаите во кои едниот партнер сака да ја избегне одговорноста на сериозната врска.
Драматичните врски навистина се многу драматични. Тука ризикот од прекин на односите е два пати поголем, за разлика од другите видови парови. Можно е некој од партнерите да побара издишка, разделба за некое време.
Она што најчесто се случува во овие односи е дека партнерите мислат е дека работите ќе се подобрат, но за жал тоа никогаш не се случува.
2. Врските без конфликти
Има и такви врски. Всушност тие се само 12%. Паровите се наоѓаат во однос речиси лишени од конфликти, понекогаш можат да забележат промени во односите, но тие се ретки.
Има проблеми за кои партнерите не сакаат да разговараат и токму тоа ги спречува да ja развиваат врската и да се случи нешто посериозно како создавање на семејство на пример. Паровите без конфликти можат да живеат заедно со години, без да одлучат да склучат брак или да создадат деца, бидејќи има некои проблеми меѓу нив, кои треба да одлучат за да можат да направат следниот чекор.
Истражувањата покажуваат дека кај овие парови има помали шанси за прекин на односите, бидејќи за да се случи разделбата сепак ќе треба да разговараат за своите проблеми, кои инаку би биле повод за конфликт и крај на нивните односи.
3. Врските кои зависат од други луѓе
Цели 19% од врските припаѓаат на оваа категорија. Партнерите во такви односи носат важни одлуки за својата иднина во зависност од мислењето на нивните семејства и пријатели.
Сакате да започнете да живеете под еден покрив со саканата, да патувате заедно или да преземете друга голем чекор и т.н., но прво треба да се добие одобрение од вашите родители и тогаш може да се случи.
За жал, тука не станува збор за односи меѓу тинејџерите, туку за зрели луѓе кои одбрале да не донесуваат одлуки за сопствениот живот, тукуда чекаат некој друг да им ја дефинира среќата. Во овие врски роднините често се мешаат во односите меѓу партнерите.
Таквите врски се развиваат побавно од останатите, но и кај нив има помали шанси за крај.
4. Врските во кои вниманието е насочено кон партнерот
Во оваа категорија спаѓаат 30% од паровите. Партнерите сконцентрирани кон саканиот, а не кон драмата, обидувајќи се да ги игнорираат проблемите и не грижејќи се за туѓите мислења. Ова се најуспешните врски. Секако постојат конфликти меѓу нив, но е изграден и добар модел на комуникација.
Партнерите не се плашат да го направат она што е потребно за да се задржи стабилноста и хармонијата во љубовта. Знаат дека сериозните врски бараат напор, одземаат време, но се подготвени на сè во името на својата среќа.