Гласините за силно протресениот брак на Ким Кардашијан и Кание Вест сè повеќе се засилуваат. Повод за натамошни драми и скандали меѓу нив овој пат е имотот во Хиден Хилс, што е во вредност од 20 милиони долари.
“Ким не се чувствува безбедно на новата локација, бидејќи таа е огромна. Покрај тоа сметам дека ќе ги чини многу за неговото обезбедување “, откри извор за RadarOnline.com
Мајката на тригодишната Норт и едногодишниот Сент Вест сè уште го доживува шокот од грабежот, на кој стана жртва на 3 октомври во Париз. Тогаш бандити ѝ украдоа накит во вредност од 10 милиони долари и ѝ вперија пиштол во главата на ѕвездата. Кардашијан се криеше од јавноста и само неодамна се врати со “нов изглед” на социјалната мрежа и под рефлекторите.
А, сепак стравот од она што се случило продолжил да ѝ ја труе душата и да создава проблеми меѓу неа и нејзиниот сопруг.
И додека Кание со голем ентузијазам го замислува животот во новиот дом, кој се протега на 20 000 квадратни метри и вклучува двокатно игралиште за деца, кино сала, внатрешен фитнес и кошаркарско игралиште, како и вистински бјути салон, Ким не сакала и да слуша за преселување.
“Кание веќе започна со преместување на работите на новата локација, но Ким се опира. Таа се чувствува лошо, токму таа го сакаше местото на почетокот, а сега ѝ е тешко да се замисли како ќе живее во толку голема куќа. Покрај тоа на неа веќе ѝ здодеа да се сели и сака конечно да остане на едно место, што ќе го нарече дом “, додаде информаторот.