Огнен ужас во Нов Зеланд: Евакуирани се над 1000 луѓе!

од Vladimir Zorba
82 прегледи

Вонредна состојба.Над 1.000 лица беа евакуирани поради големите пожари во Нов Зеланд, соопшти ABC. Пожарот покрива површина од 1800 хектари. Разурнати се најмалку 11 куќи. Огнот се проширил во текот на ноќта.

Стотина пожарникари и десетина авиони се борат со огнот кој се заканува Крајстчерч, трет по големина град во Нов Зеланд. Поради пожарната стихија, евакуирани се повеќе 1.000 луѓе.

Пожарот досега уништил 11 куќи, а локалните власти прогласија состојба на опасност.

Во последните три години во овој регион е забележана голема суша што е причината поради која вегетацијата во околните ридови е лесно запалива.

Огнот брзо се проширил во областа на Порт Хилс и во текот на ноќта зафатил повеќе од 1.800 хектари.

https://youtu.be/-L9GnIgwi4g