Лејди Гага му го вратила вереничкиот прстен назад на екс свршеникот Тејлор Кини пред да објави дека има нов маж во својот живот.
Поп-ѕвездата се раздели минатата година во јули со актерот од серијата “Пожарникарите од Чикаго”, по петгодишна врска и едногодишна свршувачка.
Во моментов таа излегува со пронаоѓачот на таленти Кристијан Кери. Лејди Гага сепак се однесувала фер спрема Кини и одлучила да не го задржува дијамантскиот накит во облик на срце, дело на Лорен Шварц.
30-годишната пејачка, чие вистинско име е Стефани Германота, му го дала прстенот на Тејлор малку по празниците.
Тејлор ѝ предложи брак со овој прекрасен дијамант на “Свети Валентин” во 2015-та. По разделбата со Кини Лејди Гага посочи дека таа го сакала многу повеќе отколку тој неа и дека била во заблуда дека двајцата се сродни души.
Што се однесува до новото нејзино момче Кристијан, за него се знае дека е на 48 години и дека работи како Сајмон на различни ѕвезди.

Фото: dailymail.com