Анкета: Шулц би ја победил Меркел, доколку избирачите можеа директно да гласаат за канцелар

од Vladimir Zorba
90 прегледи

 

Кандидатот на германските социјалдемократи за парламентарните избори во септември би освоил 49 процентри од гласовите, доколку избирачите би имале можност директно да гласаат за канцелар, а актуелната канцеларка Ангела Меркел би освоила 38 проценти.

Ова се резултатите од анкетата на социолошкиот институт  „Форшунгсгрупе Вален“ за телевизијата Цет-Де-Еф.

Во анкета на истиот социолошки институт од крајот на минатиот месец Меркел водеше пред Шулц со четири процентни бода, 44 наспроти 40 отсто